Океан

Од Википедија — слободната енциклопедија
Серија на карти каде се прикажани алтернативните поделби на океаните
Приказ на светските океани. Постои постојана циркулација на вода на Земјата, Светскиот океан е поделен на неколку главни подрачја. Разликуваме пет океани: Тихи, Атлантски, Индиски, Северноледен и Јужен; последните два понекогаш се сметаат за делови од првите три.

Океан (од грчки Ὠκεανὸς, "океанос"[1]) е голем резервоар на солена вода, и главна компонента на хидросферата. Околу 71% од површината на Земјата (~3.61 X 1014 m2) е прекриена со океани, споен резервоар на вода кој условно е поделен на неколку главни океани и помали мориња. Скоро половина од светските води се длабоки над 3000 метри.

Овој споен резервоар на солена вода, наречено Светски Океан, главно се дели според континентите и архипелазите на: Тихи Океан, Атлантски Океан, Индиски Океан, Јужен Океан и Северноледен Океан. Последниот океанографски се нарекува Средоземно Море. Помалите региони од океаните се нарекуваат мориња, заливи, теснеци и др.

Геолошки, океанот е област од океанска кора покриена со вода. Океанска кора е тенкиот слој од стврднат вулкански базалт кој ја покрива Земјината површина каде нема континенти. Од овој аспект, денес постојат три „океани“: Светскиот Океан, Црното и Касписко море, кои се формирале со колизија на Цимерија со Лауразија. Средоземното Море е скоро свој „океан“, поврзано со Светскиот Океан преку Гибралтарскиот Теснец, и повеќепати во последните неколку милиони години движењето на Африканскиот континент го затворило теснецот целосно, правеќи го Средоземното Море четврт „океан“.[2]

Светскиот Океан зафаќа површина од 361 милиони км2, волумен од 1.340 милиони км2, а просечната длабочина е 3.711 метри. Скоро половина од светските води се длабоки над 3.000 метри. Ова не вклучува мориња кои не се поврзани со Светскиот Океан, како Каспиското Море. Вкупната маса на хидросферата е скоро 1.4 × 1021 kg, ca. 0.023 % од вкупната Земјина маса.

Океанот како тема во уметноста и во популарната култура[уреди | уреди извор]

  • „Загледан во океанот“ - песна на македонскиот поет Ацо Шопов.[3]
  • „Океан“ (англиски: Ocean) - песна на британската група Дед кен денс (Dead Can Dance) од 1984 година.[4]
  • „Океан“ (англиски: The Ocean) — песна на ирската рок-група Ју Ту (U2) од 1981 година.[5]
  • „Океан“ — песна на српската рок-група Луна од 1984 година.[6]
  • „Океани“ (англиски: Oceans) — песна на американската рок-група Перл Џем (Pearl Jam) од 1991 година.[7]
  • „Океан“ (англиски: Ocean) - песна на американскиот рок-музичар Лу Рид од 1972 година.[8]
  • „Големина на океан“ (англиски: Ocean Size) - песна на американската рок-група Џејнс адикшн (Jane's Addiction) од 1988 година.[9]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Ὠκεανός, Henry George Liddell, Robert Scott, Грчко-англиски лексиокон, на Персеус проектот
  2. „Matthias Tomczak и J. Stuart Godfrey. 2003. Регионална Океанографија: Вовед. Архивирано од изворникот на 2007-06-30. Посетено на 2006-05-14.
  3. Ацо Шопов, Песни. Скопје: Македонска книга, Мисла и Култура, 1988, стр. 118-119.
  4. Discogs, Dead Can Dance ‎– Dead Can Dance (пристапено на 3.6.2020)
  5. Discogs, U2 – Boy (пристапено на 26.5.2021)
  6. Luna (22) – Nestvarne Stvari (пристапено на 30.1.2023)
  7. Discogs, (пристапено на 8.6.2023)
  8. YouTube, Lou Reed-1st Album-1972 (vinil rip)(Full) (пристапено на 2.12.2017)
  9. Discogs, Jane's Addiction – Nothing's Shocking (пристапено на 17.12.2020)